Со свечена церемонија во Општина Крива Паланка вечерва беше отворено 18. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“.
Централно место на свеченоста имаше прогласувањето на истакнатиот македонски актер Тони Михајловски за лауреат на фестивалот за 2026 година.
Признанието му се доделува за неговиот исклучителен актерски талент, повеќедецениската посветеност на актерската професија и значајниот придонес кон македонската култура и театарската уметност.
Со своето богато актерско творештво и бројните остварени улоги, Тони Михајловски остави препознатлив белег во македонскиот театар и филм, создавајќи ликови кои остануваат во трајното сеќавање на публиката.
Со овогодишното признание, неговото име се придружува на листата на досегашни лауреати на фестивалот – Милица Стојанова, Зафир Хаџиманов, Петар Темелковски, Мето Јовановски, Коле Ангеловски, Никола Ристановски и Игор Џамбазов.
Признанието на овогодишниот лауреат му го додели градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој во своето обраќање го истакна значењето на фестивалот, неговото 18-годишно траење и улогата што ја има во развојот на културниот живот во градот.
„По 18-ти пат, под името на нашиот патрон Св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка станува дом на театарот.“
издание воедно го означува и полнолетството на фестивалот, кој низ годините прерасна во значајна културна манифестација, создавајќи простор за средба на македонската и регионалната театарска сцена.
Во фестивалската програма следуваат девет претстави од Северна Македонија, Србија, Бугарија и Црна Гора, кои во наредните денови ќе бидат изведени на сцената на НУ Центар за култура – Крива Паланка.
Честитки до лауреатот Тони Михајловски!




