Со изведбата на претставата „Кокошка“ на Театар Комедија – Скопје, пред бројната публика во Крива Паланка, започна 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“.
Првата фестивалска вечер донесе одлична актерска игра, силни емоции и многу аплаузи, со што фестивалот уште еднаш ја потврди својата улога во збогатувањето на културниот живот во градот.
Публиката во Крива Паланка имаше можност да ја проследи „Кокошка“, претстава која со својот сценски израз и актерските интерпретации го отвори годинешното фестивалско издание.
Со првата претстава започнаа деновите во кои Крива Паланка ќе живее во духот на театарот и уметноста, со претстави на театри од Македонија и регионот.
Фестивалската програма продолжува во наредните денови, со нови театарски приказни и средби со публиката, во рамките на 18. издание на „Св. Јоаким Осоговски“. 🎭






