Третата фестивалска вечер на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ донесе динамика, хумор и многу емоции со претставата „Тестостерон“, во изведба на НУ Театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ – Велес.
На сцената во НУ Центар за култура – Крива Паланка, седум мажи се најдоа во необична ситуација во која низ искрени разговори, комични пресврти и судири на карактери се отворија прашања за љубовта, односите меѓу мажите и жените, пријателството, машкоста и современите партнерски односи.
„Тестостерон“ ја донесе онаа препознатлива комбинација на брза динамика, духовити дијалози и актерска енергија, која ја задржа публиката во текот на целата претстава.
Кривопаланечката публика вечерва уживаше во уште една фестивалска приказна, проследена со смеа и силни аплаузи.












