Tретата фестивалска вечер на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ донесе многу смеа, одлична атмосфера и приказна во која публиката лесно можеше да се препознае.
На сцената на НУ Центар за култура – Крива Паланка беше изведена претставата „Не можам да платам, не сакам да платам“, во изведба на НТ при НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
Претставата, исполнета со комични ситуации, динамика и црн хумор, преку секојдневните проблеми на обичниот човек отвора и сериозни прашања за општеството, неправдата, сиромаштијата и борбата за достоинствен живот. Токму комбинацијата на хумор и реалност ѝ овозможи на публиката истовремено да се насмее, но и да се замисли.
Од првите минути па сè до самиот крај, салата беше исполнета со реакции од публиката, а актерите со својата енергија и игра создадоа атмосфера во која театарот повторно се покажа како место каде што секојдневните приказни добиваат поинаква, сценска форма.
Фестивалот продолжува со нови претстави, нови гостувања и нови средби со театарот.
Во продолжение, погледнете дел од атмосферата од фестивалската вечер. 🎭📸












