„Вонземјани“ – театарска вечер исполнета со хумор, емоции и неочекувани пресврти

Публиката во Крива Паланка имаше можност да ја проследи претставата „Вонземјани“, во продукција на МАНА во ко-продукција со МНТ – Скопје.

Претставата донесе поинаква театарска атмосфера, исполнета со динамика, интересни ситуации и моменти кои ја насмеаа, но и ја замислија публиката.

Со својата енергија и сценска игра, актерите успеаја да создадат атмосфера во која публиката активно го следеше секој момент од приказната.

Ви благодариме што и оваа фестивалска вечер ја поминавте со нас и што заедно го исполнуваме фестивалот со публика, аплаузи и љубов кон театарот.