18. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Крива Паланка повторно ќе живее во ритамот на театарот!

Од 28 септември до 6 октомври 2026 година, Крива Паланка ќе биде домаќин на 18. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ – фестивал кој низ годините прерасна во препознатливо место за средба на театарските уметници, љубителите на сценската уметност и публиката од земјата и регионот.

Во текот на девет фестивалски вечери, публиката ќе има можност да погледне девет претстави од театри и продукции од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија, со различни жанрови, теми и сценски изрази.

Сите претстави ќе се одиграат на сцената на НУ Центар за култура – Крива Паланка со почеток од 19:30 часот.

🏆 Лауреат на 18. издание – Тони Михајловски

Посебен дел од овогодинешниот фестивал ќе биде доделувањето на признанието за лауреат на фестивалот, кое оваа година му припадна на Тони Михајловски, еден од најпознатите македонски актери, препознатлив по своите бројни театарски, филмски и телевизиски остварувања.

Со ова признание, фестивалот го одбележува неговиот долгогодишен придонес кон македонската култура и театарската уметност.

🎟️ Фестивалска програма

28.09.2026
🎭 Театар Комедија
„КОКОШКА“

29.09.2026
🎭 Студио ПРИЗОР – Белград, Србија
„КОМЕДИЈА НА ЗБРКИ“

30.09.2026
🎭 НУ Театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ – Велес
„ТЕСТОСТЕРОН“

01.10.2026
🎭 НТ при НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово
„НЕ МОЖАМ ДА ПЛАТАМ, НЕ САКАМ ДА ПЛАТАМ“

02.10.2026
🎭 Продукција МАНА во копродукција со МНТ
„ВОНЗЕМЈАНИ“

03.10.2026
🎭 Народен театар Лесковац – Србија
„ПРЕЉУБНИЦИ“

04.10.2026
🎭 Општински драмски театар – Ќустендил, Бугарија
„МОЈОТ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ“

05.10.2026
🎭 Продукција МОНТЕСЦЕНА – Подгорица, Црна Гора
„ЦРНОГОРЕЦ ВО КРЕВЕТ“

06.10.2026
🎭 Продукција МониКарт – Белград, Србија
„БАЛКАНСКИ МАЖИ“