Во рамките на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ – Крива Паланка, публиката имаше можност да ја проследи претставата „ПРЕЉУБНИЦИ“ во изведба на Народен театар Лесковац.
Претставата донесе динамична приказна, многу комични ситуации и препознатливи човечки слабости, а сцената во НУ Центар за култура беше исполнета со смеа и аплаузи.
Со секоја фестивалска вечер, Крива Паланка повторно покажува дека театарот не е само претстава, туку и простор за средба, дружење и заедничко уживање во уметноста.
Погледнете дел од атмосферата преку фотографиите од фестивалската вечер. 🎭📸










