„Мојот најдобар пријател“ – уште една успешна фестивалска вечер

Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ продолжи со уште една интересна и исполнета фестивалска вечер, овојпат со претставата „Мојот најдобар пријател“ на Општинскиот драмски театар од Ќустендил.

Со својата игра, актерите успеаја да ја освојат публиката и да создадат атмосфера исполнета со смеа, емоции и искрени реакции од гледачите.

Уште еднаш, фестивалската сцена во Крива Паланка се покажа како место каде што се среќаваат различни театарски приказни, автори и уметници, но и публика која со секоја претстава го потврдува својот интерес и љубов кон театарот.

Им благодариме на гостите од Ќустендил за прекрасната изведба, а на публиката за поддршката и присуството.

Погледнете дел од атмосферата од фестивалската вечер преку фотографиите.