Многу изданија – еден автор

Низ 18 изданија, визуелниот идентитет на фестивалот е создаван од еден автор. Постерите претставуваат визуелен запис за развојот на фестивалот низ годините.

за авторот

М-р Стојанче Величковски

(хералдичар, вексологог, дизајнер, фотограф)

Роден во 1966 година во село Конопница, Крива Паланка, Стојанче Величковски е автор чие творештво се движи низ повеќе области на визуелната уметност – од хералдика, графички дизајн и фотографија, до театарскиот и филмскиот плакат.

Како хералдички уметник, тој е автор и коавтор на бројни грбови на општини, институции, универзитети, спортски клубови и семејства во Македонија и странство. Неговиот професионален потпис го носат и визуелните идентитети на повеќе значајни институции, организации и културни манифестации.

Посебно место во неговото творештво зазема театарскиот и фестивалскиот плакат. Со својот препознатлив визуелен јазик, Величковски го гради визуелниот идентитет на повеќе културни настани, меѓу кои и Меѓународниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, како и Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“.

Неговото творештво опфаќа и експериментална, уметничка и театарска фотографија, со повеќе самостојни и групни изложби во земјата и странство. Автор е и организатор на меѓународниот конкурс за карикатура „Невестинско поклониение“, на кој учествувале автори од повеќе од 70 земји.

Зад неговата работа стои интерес за симболот, приказната и визуелниот израз – способност една идеја да се претвори во знак, слика или композиција која останува препознатлива.

Многу изданија. Еден визуелен потпис.